На 12 јуни, во НУ Центар за култура “Глигор Прличев” со почеток во 20 часот ќе се изведе претставата „Железниот светилник“ заснована на првиот роман од тетралогијата на бугарскиот писател Димитар Талев, роден во Прилеп.

Димитар Талев е дводомен писател кој се смета за врв на бугарската книжевност и е еден од најчитаните и најпопуларните литературни творци. Оние кои го читале знаат дека тежината на неговите дела не се мери само во напишаните зборови, туку и во емоциите кои тој умешно ги постила низ редовите. Талев е доживеан и како писателот кој во „Железниот светилник“преку измислениот град Преспа во кој се одвива дејството неповторливо и со неизмерна љубов го опишува својот роден град Прилеп. Нескромните квалитети на Димитар Талев и маестралноста на „Железниот светилник“ претставуваат неверојатен предизвик да се постават на сцената и ветуваат спектакл за кој што и да се каже, пред да се погледне, ќе биде малку.

Во претставата „Железниот светилник“ учествуваат: Јавор Бахаров (гостин), Владислав Виолинов, Георги Кадурин, Стојко Пеев, Георги Кркеланов, Тигран Торосјан, Иван Налбантов (гостин), Мирослав Пашов, Јордан Алексиев, Гергана Данданова, Антоанета Добрева–Нети, Стефка Јанорова, Нели Монеджикова (гостин), Милен Миланов, Радосвета Василева, Георги Новаков (гостин), Луизабел Николова од Театар на Бугарската Армија во режија на Асен Шопов и драматизација на Христо Христов.
Претставата се реализира под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија, Министерството за култура и Министерството за одбрана на Република Бугарија.

OhridNews