Утре, 24-ти јуни, во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 12 часот, ќе се одржи пригоден настан по повод Денот на Балканските Египќани.

Присутните ќе имаат можност предпремиерно да го проследат документарниот филм што светската документарна редакција на Ал-Џезеира го продуцира за Балканските Египќани, во кој се прикажува животот, културата и културното наследство, како и движењето за заштита на идентитетот на Балканските Египќани. Исто така ќе има мала пригодна културно-музичка програма изведена од талентирани младинци од заедницата на Балканските Египќани во Македонија.

Денес, Денот на балканските Египќани ќе се одбележи со централен настан во Албанија на 23 Јуни во градот Елбасан каде ќе се претстават културните вредности на заедницата преку ора и песни од балканските Египќани кои живеат во Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија и Косово.

OhridNews