Аналитичките центри на партиите деновиве спроведува телефонска анкета чија цел е да го испита расположението на гласачите во Охрид по отпочнувањето на предизборната кампања.
Испитаниците, како што информираат оттаму се бираат по случаен избор.
Покрај телефонски анкети, засилено се работи и на терен. Речиси да нема насeлба или поголемо маало каде нема локален штаб. Секој глас е битен, велат партиски определените чија цел е со кампањата на своја страна да ги придобијат неопределените гласачи, чиј број и натаму е исклучително висок.










