Расположени и во свечени тоалети матурантите од ЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ викендов ја прославија својата матурска вечер.
Свечениот настан по повод завршувањето на нивното средно образование се одржа во хотел „Десарет“. Се играше танго, но не изостана и македонското оро.
Веселото расположение и игра траеја до раните утрински часови.
OhridNews
Фото:Зоран Радев


















