Државниот студентски Центар преку Министерството за образование и наука почнува со внатрешното уредување на собите во В и Г блоковите во студентскиот дом „Годе Делчев“. Овие блокови беа комплетно реновирани и опремени со нови тоалети и мини кујна. Внатрешното уредување на овие простории се однесува на изработка на мебел во брачните, двокреветни и апсолвентски соби, вклучувајќи ги и влезните хола во двата блока во Студентскиот дом „Гоце Делчев“.

Проектот е изработен според барање и насоки од страна на Министерството за образование и наука додека комплетното уредување се однесува на 2 влезни хола, 16 брачни соби, 256 двокреветни и 64 апсолвентски.

Проектираниот мебел е дизајниран според затекнатата реконструирана и адаптирана состојба на собите, задржан е иницијалниот функционален концепт, и обезбедени се основните услови за потребите на корисниците на собите. Секоја соба вклучува кревет, работна маса, работен стол, гардеробер, елементи за одложување на облека, предмети, постелнина и книги како и флексибилен стол.

OhridNews