Собранието денеска на пленарна седница ќе расправа по предлогот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања за одземањето на имунитетот на пратениците Крсто Муковски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешеска, Љупчо Димовски, Сашо Василевски. Тие се товарат за кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, за инцидентите во Собранието што се случија на 27-ми април.

За да биде изгласана одлуката за одземање на пратеничкиот имунитет, потребен се 61 глас.

OhridNews