Како што информиора на денешната средба со новинарите претседателот на Собранието, Талат Џафери, собранието ќе биде распуштено на 11 февруари по што ќе бидат распишани предвремените парламентарни избори, кои треба да се одржат на 12 април.

Изборите треба да се одржат во рок од 60 дена од распуштањето на законодавниот дом.

Околу ратификацијата на протоколот за НАТО, Џафери изјави дека по распуштањето на собранието нема да има можност за ратификацијата и за тоа ќе треба да се чека новниот парламентарен состав.

OhridNews