Организаторите на хуманитарната забава- Од срце за Јана, со голем аблагодарност до сите учесници и поддржувачи на акцијата.

  • Голема благодарност до бродовите Александрија, Галеб, Кристина ројал со целокупниот персонал, SHINE( Дамјан Пејчиноски и Јордан Манов), групата BALTER, DJ FACE…кои се погрижија за незаборавна забава,и сите останати кои на кој било начин придонесоа и подпомогна за организација на овај хуманитарен настан,и на крај секако до сите Вас драги пријатели, другари, соработници кои покажавте и докажавте Охрид е хуман град,направивме нешто, со кое на некој начин успеавме да возвратиме за целата љубов,посветеност, работа која Јана ја вршеше сите овие години, и го презентираше нашиот Охрид во најдобро светло, велат организаторите.

Вкупниот промет од продажбата на картите и пијалоците од хуманитарната забава ОД СРЦЕ ЗА ЈАНА- Бродови Александрија, Галеб, Кристина ројал, во износ од 207.020 денари е уплатена на трансакциската сметка од Јана Арсовска.

Во прилог е сметката, на која секој од вас може да подпомогне, секако доколку претходно не бил во можност, бидејќи нашата битка не застанува тука, борбата на Јана продолжува, која како докажан борец, ќе се врати како победник дома, сигурни сме во тоа и заедно ќе водиме уште многу заеднички битки, за подобро утро на сите нас.

Име Презиме : Јана Арсовска, адреса : Ѓорче Петров 14г.

Бр. Сметка 530500010490410 во Охридска банка

Дознака: Донација