Општинската организација на Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941 – 1945 и на граѓани продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и Општина Дебрца, денеска на пригоден начин ќе одбележи72 години од  Денот на победата над фашизмот и Денoт на Европа,

По тој повод на споменикот на револуцијата, победата и слободата „КРЕМЕНАТЕЦ” во месноста Раштани, општина Дебрца, ќе биде положено цвеќе, а пригодна  реч ќе одржи Никола Стефаноски – потпретседател на ОО Охрид и Дебрца, кој ќе се осврне на борбата на Македонија против фашизмот.

OhridNews