Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне до 40°C. Во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Максималната температура во Охрид денеска ќе достигне 33 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Г.М.