Денеска не очекува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Попладне на места ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи.
Максималната температура во Охрид ќе достигне 32 степени.
Во следните денови ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност во текот на денот. Утре во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и појава на грмежи.
Г.М.













