Времето денеска ќе биде сончево и потопло, со мала до умерена облачност со појава на краткотраен умерен дожд на југот и со слаб ветер од североисточен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 22 степени Целзиусови.

Во вторник ќе преовладува сончево и потопло  време, со мала до умерена облачност и слаб претежно северен ветер. Во крајните западни делови на земјава ќе има услови за локален краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северзападен правец. Температурите во наредните денови ќе бидат во пораст и на места ќе се искачат до 30 степени, соопшти УХМР.

OhridNews