Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во петок под влијание на влажен бран ќе има повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 15 l/m²). Наместа врнежите ќе бидат проследени со појава на грмежи и засилен ветер, а температурата значително ќе опадне. Во деновите од викендот ќе има ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Во понеделник повторно се очекува локална појава на нестабилност.
OhridNews












