По објавата од страна на полицијата дека поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „спречување на службено лице во вршење на службени дејствија“‚ полициската станица од Струга поднела кривична пријава против 37-годишен стружанец, бидејќи според полицискиот извештај на петти минатиот месец во 12 часот и 15 минути се обидел вербално да спречи инспекциска контрола во приватната здравствена заботехничка лабораторија, лоцирана на улицата „Моша Пијаде“ во Струга, а потоа и физички да се пресмета со претставникот на државниот санитарен инспектор, сопственикот на куќата каде е сместена ординацијата испрати допис до нашата редакција во кој ги демантира таквите тврдења на официјалните органи.

Во дописот испратен од сопственикoт на имотот на улицата која се спомнува во соопштението лиферувано од СВР Охрид, меѓу другото се вели:

1.Инспектори од државен санитарен инспекторат од подрачно одделение Охрид на ден 05.07.2017год. во 10.30часот нелегитимирани извршија упад во приватен имот, два часа заканувајќи се на сопственичката на приватниот имот дека насилно ќе влезат внатре во куќата.
2.После двачасовно вербално расправање сопственичката на приватниот имот им објаснуваше дека ординацијата која постоела е под стечај и е затворена за што не беа запознаени ни еден од инспекторите.
3.Додека заботехничката лабараторија се уште не е отворена и се припрема чекајќи го решението за работа со тоа нема основ инспекторите да вршат надзор, бидејќи директорот на ординацијата не беше присутен ниту на заботехничката лабараторијата. 
4.И покрај укажувањето на сопственичката инспекторите заканувајќи се сепак влегоа во објектот и ја извршија незаконската контролата во присуство на директорот на заботехничката лабараторијата кој бев приморана да го повикам, обратно од изјавата на портпаролот кој изјавува дека контролата не била извршена. При тоа константно еден од инспекторите се закануваше дека: Ние затвораме и поголеми ординации, а не ваква малечка … 
5.Истиот инспектор и повеќе пати во минатото има предизвикано слични упади, вербални закани и казнувања по разни основи со сопствениците на стоматолошката ординација која и поради истите закани и притисоци принудени беа да ја стават под стечај. 
5.Лицето кое се спомнува во информацијата како сторител на кривично дело: спречување на службено лице во вршење службена дејност: не беше ни присутно во објектот при упадот и вршењето на контолата и не е возможно физички да ги спречил во истата за што и самото обвинение е лажно т.е измислено за кое што има сведоци кои истото го потврдија во своите изјави во МВР Струга.
6.Истиот настан го пријавив во МВР Струга и не добивме одговор во потребниот рок туку по лично барање добив известување кое ви го приложувам како доказ каде јасно укажуваат на „МЕРКИ ПРЕЗЕМЕНИ ПРОТИВ ИНСПЕКТОРОТ И НЕГОВОТО ОДНЕСУВАЊЕ“. – стои во демантот на сопственикот на куќата каде се случил спомнатиот инцидент.

OhridNews