На иницијатива на повеќе членови на Здружението на сметководители Охрид, денес, 13-ти јуни, во 14 часот, ќе се одржи состанок на Здружението. Состанокот ќе се одржи во големата сала на Собранието на општина Охрид.

На дневен ред на состанокот е: Примена на тарифникот на ИСОС од 01.07 2017 година, Други тековни прашања од активноста на Здружението.

OhridNews