
Освен тоа, ќе се чувствувате здраво и нема да се оптоварувате со изгледот на својата фризура. Потрудете се да ги примените следните совети:
Јадете протеини за појадок и за ручек
Пожелно е да внесете 100-150 грама месо, половина шолја белки или еден јогурт. Кога ќе го придвижите метаболизмот наутро и кога ќе јадете почесто, а помалку, ќе имате доволно хранливи материи за регенерација на ткивата во текот на денот.
Редовно мијте ја косата
Натрупувањето на нечистотиите во коренот на влакното го спречува неговиот раст. Колку е почиста кожата на главата, толку ќе ви биде поздрава косата. Ако е потребно, мијте ја секој втор ден, но не почесто.
Масирајте го темето
Стимулацијата ја поттикнува циркулацијата во коренот на влакното со што се подобрува текстурата на влакната. Додека се туширате, масирајте го коренот на косата со мали кружни движења. Потоа ставете хранлива маска на краевите или во коренот на косата.
OhridNews
Извор:Убавина&Здравје











