Советниците следната недела ќе ја одржат 58-та седница
24.06.25 09:49
Советот на општина Охрид во понеделник, 30 јуни, со почеток во 09:00 часот во општинската зграда ќе ја одржи педесет и осмата седница.
На Дневен ред се 28 точки, меѓу кои одлуките за давање согласност на годишниот план за вработување за 2026 во училиштата, одлука за давање согласност на одлуката за изменет годишен план за вработување за 2025 година на ЈП „Градски пазар“ – Охрид, давање согласност и овластување за измирување односно пренасочување на средства од буџетот на Општина Охрид согласно Договорот за финансирање SERAPIS бр. 2018-0837.
Пред советниците и одлуката за определување на работното време на вршителите на занаетчиски дејности, продолжување на работното време на вршителите на занаетчиски дејности, изменување на одлуката за отстапување дел од недвижен имот и опрема на времено користење на ЈП „Билјанини извори“ Охрид, како и неколку точки кои се однесуваат на донесување на урбанистичко – планска документација.
Светското првенство во фудбал кое се одржува во САД, Канада и Мексико продолжи со натпреварите од групите И и Ј, во кои фаворитите Франција и Аргентина успешно ја отворија турнирската кампања Во гр...
Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид започнува обука за спасители која ќе се одржи во периодот од 21 до 28 јуни Обуката ја спроведуваат лиценцирани инструктори за безбедност на вода,...
Во периодот од 6ти до 10ти јули во Младински Центар Охрид ќе се одржи Музичка летна работилница наменета за млади на возраст од 10 до 18 години, без разлика дали се почетници или веќе имаат музичко...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.