Предлог Заклучокот за усвојување на информацијата за состојбата на веслачкиот клуб „Југ’’ заедно со предложените план и мерки за продолжување на постоењето и активноста на клубот, ќе биде на дневен ред на 70-та седница на советот на општина Охрид закажана на 27-ми април, четврток со почеток во 11 часот. Советниците ќе расправаат и за исплата на долгот на веслачкиот клуб „Југ“ по основ на правосилни извршни исправи.
На дневен ред на седницата ќе се најдат и предлог одлуките за усвојување на измените и дополнувањата на развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2017 – 2019 година, за распоредот на средствата на Буџетот на општина Охрид за 2017 година, организирање на режимот на сообраќај на дел од територијата на општина Охрид, отстапување на користење на паркинг простор од општина Охрид на ЈП„Билјанини извори“ Охрид, за одобрување на финансиски средства за материјално финансиска поддршка на спортски клуб на подрачјето на општина Охрид за 2017 година, како и низа точки од сферата на урбанизмот.
OhridNews












