Извештаите за реализација на развојната програма за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид,  за реализација на програмата за поддршка на локалниот економски развој,  за реализација на програмата за изработка на урбанистички планови во првите три месеци од годинава, се дел од точките на дневен ред на 71-та седница на советот закажана на 19-ти јуни, понеделник, со почеток во 11 часот.

Советниците ќе расправаат и за извештајот за реализација на програмата за работа на Советот на општина Охрид за 2017 година за периодот 01.01. – 31.03.2017 година, како и за Извештајот за остварување на Буџетот на општина Охрид.

Меѓу другото, на дневен ред ќе биде и предлог одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти.

OhridNews