Чeтворицата членови на советот на општина Вевчани од редовите на ВМРО ДПМНЕ денеска поднесоа колективна оставка и најавија дека повеќе нема да учествуваат во работата на советот. Истакнаа дека се решиле на ваков чин во знак на протест против начинот на владеењето на СДСМ и приведувањето на нивниот сопартиец Крсто Мукоски кој заедно со уште петмина пратеници и триесет други лице се товари за тероризам и загрозување на уставниот поредок на земјата за инцидентите во макдонското Собрание што се случија на 27-ми април.

-Како претставници на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за Подобра Македонија во Општина Вевчани, сакаме да ја известиме јавноста дека денес на ден 02.12.2017 година, во знак на револт и протест од начинот на владеење на оваа гарнитура предводена од СДСМ, како и последните политички хајки кои што ги спроведуваат врз невини граѓани, а се однесуваат на настаните од 27-ми, со што не враќаат назад 70 години, во времето на Информбирото. Во знак на солидарност со сите жртви на овој тоталитарен режим, денес како советници поднесуваме неотповикливи оставки и ги враќаме мандатите кои што ги добивме од граѓаните на Општина Вевчани. – изјави Јовица Лешоски, советник на ВМРО ДПМНЕ од Вевчани.

Лешоски појасни дека сите predloeni кандидати од листата на ВМРО ДПМНЕ nа последните локални избори ќе ја бојкотираат работата на општинскиот совет во кој партијата освои 4 места, а СДСМ 5 и го има мнозинството.

-Сега целата одговорност за работата на општината е во рацете на советниците на СДСМ и оставаме се нанивната совест. – додаде Лешоски, кој истакна дека советниците на ВМРО ДПМНЕ од Вевчани не им веруваат на институциите на системот.

Ова е прв ваков случај во Македонија советници да поднесат неотповикливи оставки. Претходно од истите причини членовите на советот во Ресен најавија бојкот на работата на градското собрание.

Г.М.