Охрид Мол  најавува дека од втората половина на септември дел од неговата понуда ќе биде и супермаркетот SPAR – еден од најпознатите меѓународни брендови во малопродажбата.

Ланецот SPAR е присутен на бројни пазари ширум светот и е препознатлив како маркет во големи формати кој нуди современ концепт на купување, високи стандарди за квалитет и посветеност на потребите на потрошувачите.

Со отворањето на SPAR, посетителите ќе добијат уште поголем избор на прехранбени производи, свежи намирници и производи за секојдневните потреби – достапни на едно место.

Доаѓањето на SPAR претставува значајно збогатување на содржините во Охрид Мол и уште еден чекор кон создавање современ трговски простор што ќе им овозможи практично, пријатно и целосно искуство на жителите на Охрид и околината, како и на бројните посетители на градот.

OhridNews Promo