Шестмина скијачи кои денеска се загубиле на Попова Шапка, вечерва се пронајдени живи, информираат од Министерството за внатрешни работи, пренесува „Макфакс“.

„Околу 17. 30 часот во Полициското одделение Попова Шапка дошол 30-годишниот Ф.Р од тетовското село Лисец, заедно со косовскиот државјанин М.З. и пријавиле дека двајца косовски и четворица македонски државјани околу 14 часот и 30 минути со жичница се искачиле на „Церипашина“ и потоа се спуштиле по патеката Јелак. Но, поради густата магла залутале и се изгубиле во непознат шумски предел, некаде два километри северно од месноста „Шипковачки бачила“, над селото Вешала. Веднаш е организирана потрага по шестмината скијачи и околу 21 часот сите се пронајдени живи и здрави во месноста „Студорек“ , во близина на „Шипковачки бачила“, и со ратрак веќе се спуштаат кон Полициското одделение Попова Шапка“, велат од МВР. 

Вчера од Шапка беа спасени и двајца француски државјани.

OhridNews
извор: „Макфакс“