Неделата на лајонизмот која трае до 10 Јуни 2017 год, лајанс клубовите во Македонија организирано ја одбележуваат со најразлични активности за подобруванје на животот на слепите и слабовидните лица, децата со посебни потреби, социјално загрозените структури и заштита на животната средина. Јубилејот се поклопува со 20-годишнината од лајонизмот во Македонија и 10 годишнината од формирање на првиот лајанс клуб во Охрид.

Во рамки на овие активности ЛК Десарети во соработка со професорката по бијологија Зора Ѓоршоска, психологот Анастасија Настеска и дирекорката Силвија Мојсоска, отвори еко катче во ОУ „Григор Прличев“. Дваесеттина деца со еколошки бои донирани од ЛК Десарети ги оплеменија ходниците на училистето со креативни цртежи и испратија порака за подигање на еколошката свест кај младите.  

Црното дрво со црвени плодови ја симболизира загаденоста и желбата на децата таа да се намали и да има повеќе зелени површини што е синоним за црвените плодови. Децата преку цртежи уште порачаа црните облакодери да се oплеменат со зелени површини, социјалните мрежи да се користат дозирано, а спортот во природа да заземе повеке од нивното време. „СПАСЕТЕ ЈА ЗЕМЈАТА“ – порачаа децата од „Григор Прличев“.

Во рамки на акцијата се засадија и садници кои беа донирани од ЛК Десарети.

-Преку сликите сакаме да ја прикажеме креацијата на децата и да испратиме едукативна порака до сите 1100 ученици во градот и нивните професори. – велат од ЛК Десарети од каде најавуваат дека ваквата активност ќе продолжи и во иднина.

OhridNews