Специјалниот тим за спасување на вода при охридскиот Црвен крст денеска во Струга на реката Црн Дрим  ќе одржи показна вежба. Целта на вежбата е да се согледа подготвеноста на тимот за дејствување во вонредни ситуации.

Вежбата е дел од семинарот за новинари што се одржува во Ценатарот за обука во Струга, на тема справување со катастрофи.