15.15 Во Владата се подготвува план за олеснување на мерките кои се воведени за спречување на ширењето на коронавирусот Ковид-19, по првомајските празници. Ова денеска го изјави премиерот на Техничката влада Оливер Спасовски, на онлајн прес видеосесијата „КОВИД-19“, на која уште учествуваа и заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за здравство, Венко Филипче.

Се подготвува сериозен план по првомајските празици врз основа на сите анализи, како и на кој начин да ги олеснуваме некои од мерките за враќање на животот во нормала. – рече Спасовски.

Премиерот појасни дека тоа не значи оти веднаш целосно ќе се нормализира животот, туку дека ќе се намалуваат одредени рестриктивни мерки, со одредни насоки како да се однесува населението во наредниот период. Таквиот план значи дека треба сите да се прилагодиме на состојбата и да продолжиме со животот., додаде Спасовски.

 

Спасовски најави дека владина седница ќе се дискутира за воведување на 14 дневен карантин во Куманово, при што предвид ќе биде земена големината на градот и сложеноста на ситуацијата во тој регион.

OhridNews