Во моментов не постојат сериозни ризици по безбедноста на Р.Македонија, но во котекст на случувањата во регионот сите безбедносни индикатори внимателно ги следиме и доколку се  укаже потреба соодветно ќе реагираме, изјави  во Охрид министерката за внатрешнин работи Гордана Јанкуловска.

„Решавањето на финалниот статус на Косово е значаен процес кој се одвива во регионот и несомнено Р.Македонија како дел од тој регион мора да ги следи  сите случувања бидејќи, таму очигледно има страни со различни ставови, рече Јанкуловска.

Наше е да ги следиме тие состојби, но и да работиме на внатрешен план да ја постигнеме посакуваната цел, а тоа е континуирана стабилност“, додаде Јанкуловска.

Во врска со најавената соработка со Кфор за размена на информации од областа на безбедноста, министерката за внатрешни, истакна дека соработката со  КФОР не поврзано со случувањата во регионот е на исклучително високо ниво, а неодамнешниот договор за заедничко обезбедување на северната граница и размена на бебедносни информации претставува формализација на добрата соработка.

Г.М.