Кошаркарките на Билјана 006 на прагот се на обезбедување пласман во финалето од женскиот плејоф. По победата од 68-55 во серијата подобар од три против Водњанаски Лисици имаат предност од  1-0 . Вториот натпревар се игра денес (сабота) во салата Билјанини извори во 13.00 ч.
 
Лидерот во кошаркарската првата Б лига АМАК СП, бодови за зачувување на првото место ќе брка на гостувањето во Тетово против Тетекс. На табелата АМАК води со 10 победи во исто толку кола.
 
Љубителите на ракометот по подолга пауза ќе можат да погледаат натпревар во Билјани Извори. Во рамките на 25 коло во сабота со почеток во 19.00 ч. Климент Охридски го пречекува битолски Пелистер .
 
ВО финалето на општинскиот фудбалски куп ќе играаат екипите на Илинден до Велмеј и Лескоец од Лескоец. Во полуфиналето Илинден го совлада Охрид 3-1, а Лескоец беше поуспешен од Белчишта со 2-0.

 Фенерџијта во Втората фудбалска лига Илинден му гостува на Караорман во Струга натпреварот се игра во сабота во 16.00. Во истиот тој термин но во Недела на Билјанини извори охридските бели играат против Лескоец.

 Дербито во првата мак фудбалска лига  помеѓу Ренова и Македонја Ѓ.П. ќе го суди охриѓанецот Стефче Шулески, а ќе му помагат Неделкоски Драге и Чакарески Лазе. Натпреварот од втората фудбалска лига Тетекс – Скопје ке го води уште еден охриѓанец,  Марјан Ецкоски.

М. Постолоски