Поранешниот голман на Арсенал и Челси, Питер Чех направи неверојатна промена на спортски план потпишувајќи договорот до крајот на сезоната со хокејарскиот клуб Гилфорд Феникс. Чех нема да има нова улога и повторно ќе застане на голот овој пат пред хокејарскиот.

Иако информацијата за менување на спортот на Чех зачува, сепак, чешкиот голман никогаш не ја криел љубовта кон хокејот. Тој во слободно време секогаш играл а на крајот од минатата сезона имаше неколку тренинг сесии со екипата каде што професионално ќе ги испроба своите можности.

Легендата на лондонските премиерлигаши изјави дека е задоволен од префрлување во новиот спорт и рече дека би бил среќен ако и помогне на екипата да бележи позитивни резултати.

Среќен сум што клубот ми ја исполни желбата и ќе добијам искуство од еден професионален натпревар во хокеј. Кога ќе бидам на теренот ќе давам максимум и ќе направам се да и помогнам на екипата да победува што повеќе. После 20 години играње фудбал ова ќе биде прекрасно искуство за мене бидејќи од мало дете гледав и сакав да играм хокеј. – изјави Чех.

Деби на мразот, поранешниот голман на чешката репрезентација ќе има в недела а ако биде успешен како во фудбалот тогаш на клубот Феникс му престои блескава иднина исполнета со многу трофеи.

OhridNews