ЈП “Билјанини Извори“ интензивно работи на санирање на санитарните јазли и соблекувалните на стадионот во комплексот. Спортскиот центар подготвен ќе ги пречека фудбалските екипи кои во зимскиот период ќе дојдат во Охрид на подготовки.


– Доста запоставени беа овие простории кои се од големо значење за комплетнито изглед на стадионот. Ние како ЈП успеавме да ја средиме салата, па полека полека истото ќе го направиме и со стадионот – вели в.д. на ЈП “Билјанини Извори“ Иван Цветкоски.


Досега термини за тренирање и играње натпревари букираа екипита на Ренова, Силекс, Напредок, а најавени се и неколку второлигашки екипи од Србија.

– Оваа сезона ЈП “Билјани Извори“ во соработка со екипите ќе се обиде да организира турнир, кој би траел еден или два дена. Наша желба е да се игра по италијанскиот систем, но конечната одлука ќе падне откако ќе се консултираме со екипите – завршува Цветкоски.

М.П.