Среда, 28 август 2019 година, Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), е неработен ден за граѓаните од православна верисповед во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Министерството им го честита празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) на граѓаните од православна верисповед во Република Северна Македонија.