Синоќа во селото Куратица, кандидатот на ГДУ, Михаил Трендафилов- Нанче имаше средба со мештаните, на која се разговараше за проблемите со кои тие се соочуваат. Жителите на селото Куратица побараа да се вратат месните заедници, а како најголем проблем го истакнаа немањето пат кој ќе ги поврзува општина Охрид со општина Дебарца.

Невработеноста и наглото иселување на младите причинуваат голема загриженост кај жителите на Куратица. Михаил Трендафилов- Нанче на средбата истакна дека не може веднаш да се решат сите проблеми, но им порача дека ако стане татко на градот со многу работа, чесно и домаќински, заедно ќе почнат да ги решаваат проблемите еден по еден.

OhridNews