Во рамки на проектот за Безбедни училишта кој се реализира во соработка со СВР Охрид – Отсек за превенција и одделението за образование при локалната самоуправа, денес во 19 часот во НУ Центар за култура Охрид, ученици од ОСУ „ Св. Климент Охридски“ под менторство на стручниот соработник Марија Чанова ќе ја изведат претставата „Зависници“.

Претставата е дел и од проектот „Образованието и полицијата против дрогата во заедницата“ што исто така се реализира во соработка помеѓу овие институции и средните училишта во општина Охрид.

OhridNews