Средношколците организираат забава за екс матурантите
28.05.14 14:24
Средношколци од охридската гимназија годинава за прв пат организираат прослава за генерацијата матуранти кои средното образование во оваа образовна институција го завршиле пред 20 години. Станува збор за проект по предметот бизнис и претприемништво, а учениците кои се вклучени во организацијата организираа прибирање на понуди и самите ги изработија поканите кои ќе бидат пратени до матурантите кои го одбележуваат јубилејот.
За најповолна беше избрана понудата на Хотел „Ројал Вју“ која изнесува 650 денари во кои се вклучени 100 денари од продадена влезница кои ќе бидат пренесени на сметката на гимназијата. Предвидено е собраните средства да се искористат за унапредување на просторно-техничките услови за изведување на воспитно-образовниот процес во училиштето.
Прославата ќе се организира на 28- ми јуни.
Идејата потекна од самите ученици и беше прифатена од ракводството на училиштето со намера во иднина ваквиот начин на организација на јубилејните матури да стане пракса.
Синоќа во 23:03 часот во СВР Охрид, 60-годишен охриѓанец пријавил дека на ул„Марко Нестороски“ во Охрид, бил физички нападнат од едно лице кое излегло од возило „BMW“ со струшки регистарски ознаки ...
Од денеска во Македонија е во сила зимското, односно стандардното сметање на времето Ноќеска во 3 часот стрелките на часовниците беа вратени еден час наназад, на 2 часот, со што заврши летното смет...
Времето денеска променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец Максималната...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.