Зголемувањето на вредноста на Синдикалната минимална кошница за трите месеци јануари, февруари и март 2026 година изнесува 2326,00 денари, велат од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).
Вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец март 2026 година изнесува 67.818,00 денари, споредена со вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец февруари 2026 год. која изнесува 67.382,00 денари е зголемена за 436,00 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец март изнесува 83.193,00 денари, велат од ССМ.
Дополнително, посочуваат, цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) во истиот период на 05.01.2026 година изнесувала 64,50 (денари/литар), а на 16.03.2026 година 92,00 (денари/литар) или за три месеци се зголемила за +27,50 (денари/литар).
OhridNews













