Лапидариум

Од 23.09.2023 - 20:00 до 23.09.2023 - 22:00

Завршниот настан на 5тото издание на Културолошка иницијатива 5 до 12 ќе биде реализиран оваа сабота со една невообичаена староградска вечер на културата, на специјална локација на отворено – Музејско-културен центар „Лапидариум“.

Организаторите најавуваат богата агенда која ги содржи сите облици на уметноста:
– „ТВОРЕШТВОТО НА ЕДЕН АВТОР“ – изложба на слики и фотографии на охриѓанецот Ѓоко Симјаноски
– „STEPS OF ELEGANCE & GRACE“ – танц изведба на МКОЦ „Соната“ – Охрид
– „WHISPERS OF SERENITY“ – музичка изведба на Кристина Љушкоска – флејта
– „ИМАМ НЕШТО ДА ТИ КАЖАМ“ – поетско читање.

Во тек е и пријавување за поетското читање. Повелете на оваа охридска ноќ, вечер на емоционално преродување, порачуваат од Културолошка иницијатива 5 до 12.

Почеток на настанот е во 20 часот, а влезот е бесплатен.

OhridNews