Според податоците на Државниот завод за просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2019 година, во однос на мај 2018 година, е џголемена за 3.1 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (10.0 %), Градежништво (7.4 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (7.2 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (16.5 %), Градежништво (3.9 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (3.6 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2019, изнесуваше 25 270 денари.