Македонскиот фудбал одамна е во кома. Може ли “електрошокот“ наречен Луксембург да ја разгори јавноста, а спортските функционери и да ги разбуди од “магичниот“ сон во кој идилично живеат.
Националниот состав времиња е попатна станица, маркетинг простор за одредени фудбалери кои благодарение на моќните менаџери имаат загарантирано место во списокот на селекторот, без разлика дали е тоа Џиџи, Катанец, Јонуз, Тошак…
Јавна тајна е како тоа функционира во младинските У 17, 19, 21 селекции, и како се креираат составите на потенцијалните репрезентативци.
Квалитетот на Првата лига која треба да биде стожер од каде ќе се црпат фудбалерите, случајно или не е под потребното ниво, клубовите се километри и километри оддалечени од професионализмот , а потенцијалните спонзори по сите скандали поврзани бегаат од фудбалот како “ѓаол од крст“ .
Дали е важно кој е крив? Да важно е. Проблемите имаат име и презиме и се додека “мува не не` лази“ ќе се чудиме како може Луксмебруг да не “гази“ .
Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хемпден парк“ во Глазгов, во петтото коло од групата Б1 во Лигата на нации „Црвено-жолтите“ го постигнаа првиот гол во ова издание...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...