Jazz Inn

Од 06.08.2022 - 20:00 до 06.08.2022 - 22:00

Најновото соло стендап шоу на Никола Тодороски „Да БолиТ” вечерва во Џез ин во рамки на четвртиот маратон на комедијата.

Во секоја секунда од секој ден на секого му се случува нешто Да БолиТ. Си се споредил со некој подобар – Да БолиТ. Другарка ти се мажила ти не – Да БолиТ. Другар ти замина странство ти не – Да БолиТ. Ти замина странство другар ти не – Да БолиТ. Уште живејш со родители и сите дома вкупно имате 1947 години – Да БолиТ. Михаела имат поубо точаче – Да БолиТ. Ти слушаш метал комшијата Аца Лукас – Да БолиТ. Новото шоу на Коле „Да БолиТ“ – во стомачните!- се вели во најавата.

Шоуто е со почеток во 20 часот, а билетите по цена од 250 денари може да се резервираат на тел. 075 283 066.

OhridNews