
Стипендијата е во месечен износ од 50 евра во денарска противвредност и ќе се доделува десет месеци, (септември 2021 – јуни 2022). Пријавувањето е до 30 септември 2021. Во конкурсот е достапна пријавата за аплицирање и се содржани информации за потребните документи и нивното поднесување.
Со доделување на стипендиите им се помага на семејствата на децата со попреченост за трошоците поврзани со нивното школување, училишни материјали, специјализирана опрема, воннаставни активности, асистенти за помош/едукација, трошоци за терапија, транспортни трошоци или други слични специфични потреби, а воедно целта на проектот е да се поддржи процесот на проактивно и засилено запишување на ученици со попреченост во редовните училишта.
OhridNews
 
					



 
							







 
					