Стоечки овации доживеа актерската екипа на Тетар комедија од Скопје за извонредната изведбата на хит претставата „Стјуардеси“ синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“во Охрид.

 

Тоа беше 101 изведба на оваа претстава која е работена по делото „Боинг боинг“ на Марк Камолети, а во режија на Синиша Евтимов. Сценографијата и костимографијата се на Илина Ангеловска, а музиката на  Драган Ѓаконовски Шпато. Исклучително воиграната актерска екипа во состав: Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски – Тино, Марија Кондовска, Жаклина Петровска, Кристина Ласовска и Тања Мицков до солзи ја насмеаја охридската публика која уживаше во претставата.

Претставата „Стјуардеси“ беше одиграна пред преполно гледалиште. Билетите за неа беа експресно распродадени за само неколку часа, што покажува дека Охрид живее со театарот, а менаџерскиот тим на Народниот театар – Охрид извонредно го гради репертоарот во кој освен претстави од сопствена продукција се прикажуваат и популарни дела од водечките театри во земјата.

OhridNews