На седум кола до крајот на регуларниот дел од сезоната во Втората кошаркарска лига, ГКК Охрид е во игра за 4 место на табелата кое овозможува предност на домашен терен во плеј-офот. Во редовите на охридскиот второлигаш владее оптимизам дека целта може да биде остварена, а прв исчекор треба да биде направен викендов на Езерското дерби со Црн Дрим. За актуелните предизвици на клубот и состојбите во нашата кошарка, во Спорт+ разговараме со Тони Стојаноски – тренер на ГКК Охрид.