Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа утре (вторник) од 12 часот ќе го одигра својот историски прв натпревар во главниот жреб на Вимблдон, а македонската јавност ќе има можност директно да го проследи нејзиниот настап.
Според информациите на ТВ Арена Спорт Македонија, историскиот дуел на Ѓорческа против шестата тенисерка на светот, Аманда Анисимова, ќе биде емитуван во живо на еден од каналите на Арена Спорт Македонија.
Ѓорческа веќе испиша историја за македонскиот тенис, откако преку трите квалификациски кола обезбеди пласман во главниот турнир и стана првата македонска тенисерка која ќе настапи во поединечна конкуренција на гренд слем турнир. Посебна тежина на успехот му дава фактот што станува збор за најпрестижниот тениски турнир во светот – Вимблдон.
Противничка на македонската тенисерка ќе биде ланската финалистка на Вимблдон, Американката Аманда Анисимова, која моментно е шеста на ВТА-листата. И покрај тешката ждрепка, Ѓорческа порача дека ќе даде сè од себе и се надева на квалитетен натпревар, пренесува ТВ Арена Спорт Македонија.
OhridNews
Фото: Арена спорт Македонија











