Струшкото обвинителство покрена обвинение против британскиот државјанин Николас Морли, кој се сомничи дека како учесник во меѓународното рели “Гамбол“ 3000 ја предизвикал тешката сообраќајна несреќа што се случи пред две недели на излезот од Струга, во која настрадаа сопружниците Владимир и Маргица Чепуњоски.

Обвинението го товари Морли дека сторил тешки дела против безбеноста на луѓето и имотот во сообраќајот, за кое според кривичниот законик е предвидена казна затвор од најмалку 4 години.


Обвинет-Николас Морли

Обвинението веќе е доставено до Морли и неговите бранители кои можат да достават приговор во законски предвидениот рок од 8 дена, кој е во тек.

Доколку тоа не се случи, Кривишниот совет при Основниот суд во Струга ќе одлучи кога ќе почне судскиот процес против Николас Морли.

Горан Момироски