Во натпревар без фудбалска убавина, фудбалерите на Охрид го добија езерското дерби, совладувајќи го Караорман со 1-0. Со оваа победа Охридските “сини“, направија сигурен чекор кон обезбедување на опстанокот.

Благата теренска доминација охригани ја крунисаа со едиствената прилика во првиот дел. По одличниот продор на Чашитоски, топка во казнетиот простор доби Клечкароски и со играч врз себе го матираше Тикоски.

Сликата многу не се промена и во вториот дел кога гостите од Струга се обидуваа, но не успеаа да створат некој по изгледна прилика. Едиснтевна посериозна можност ја имаа во 65 мин кога Реџепи се обиде од слободен удар да го изненади АБди.

До крајот на натпреварот Димоски и Атај се обидоа да обезбедата мирен финиш но нивните удари завршија во Тикоски

Слаб натпревар кој бргу ќе се заборави, а ќе се памети смао победникот и трите бода кои одат на контото на ФК Охрид.

Стигнавме до мошне важна победа во борбата за опстанок.Со оваа победа во голема мера ги зголемивме шансите за опстанок. ВО сабота не очекува уште еден важен натпревар овде со Локомотива. Со победа над него ќе бидеме уште поблиску до опстанокот– рече по завршувањето на мечот Маркоски Ристе.

Резултати 28 коло

Маџари Тетекс  0-1
Нов Милениум Беласица 3-4
Скопје Слога 1-0
Турново  Металург 2-1
Влазрими Миравци 0-3
Дрита Вардар Д 4-0
Охрид `04 Караорман 1-0
Локомотива  Алумина 0-1

Табела

1 Металург 26 57
 2 Турново 26 57
 3 Миравци 26  55
 4 Беласица 27 49
 5 Скопје 26 47
 6 Тетекс 27 43
 7 Дрита 26 42
 8 Слога Ј 27 38
 9 Нов Милениум 26 32
 10 Алумина 27 31
 11 Вардар Д 26 30
 12 Брегалница 26 30
 13 Охрид `04 27 29
 14 Маџари 27 28
 15 Локомотива 27 26
 16 Караорман 27 22
 17 Влазрими 26  14

Наредно 29 коло (Сабота 26.04)

Караорман  Дрита  
Вардар Д
Влазрими
Миравци

Турново

Металург
Скопје

Слога Ј
Нов Милениум
Беласица
Брегалница
Тетекс
Алумин

Охрид `04

Локомотива

Мирко Постоловски