Густи облаци од чад од опожарената локална депонија ја обвиткаа Струга за време на Велигденските празници. Граѓаните се револтирани од односот на надлежните институции и нерешавањето на овој долгогодишен проблем и најавија одржување протест пред општината.
„Веќе подолго време сме сведоци на системското труење што се случува во цело струшко поле, заради секојдневното палење на струшката депонија. Во време кога сите се стремат на рециклирање на отпадоци и промовирање на еколошки иновации, ние и нашите деца дишеме запалена пластика, без трошка совест од одговорните.Бидејќи институциите се слепи и глуви за оваа ситуација, време е ние, граѓаните да покажеме дека не сакаме и НЕМА да живееме во чад и магла. Ова е покана, преку единственото средство во рацете на народот, да го кажеме јасно и гласно! За нас, за нашите деца!“ – стои во повикот до граѓаните на Струга, кој е објавен на социјалните мрежи.
OhridNews
фото: Facebook












