Студентите од Универзитетот „Свети Апостол Павле“ , во четврток, 19- ти јуни,  ќе ги презентираат своите завршни проекти за најдобра едукативна андроид апликација за паметни телефони и таблети за глобалниот бренд Дурекс.

Апликацијата содржи голем број на интересни содржини, меѓу кои и квиз за едукација, каде корисниците ќе може да проверат колку се запознаени со превенцијата од сексуално преносливи инфекции, како и со најсигурните средства за заштита од непланирана бременост. Тимот кој го изготви најдоброто решение, ќе ја добие главната награда таблет – уреди, додека нивната апликација ќе биде искористена од брендот Дурекс и ќе биде достапна за симнување на App Store и Google Play на локално ниво.

OhridNews