Момент на невнимание утрово предизвика судар помеѓу товарно возило и патнички автомобил на кружниот тек кај Градски пазар.

Поради сударот се создадоа колони во двата правци.

Веднаш интервенираше сообраќајната полиција во обид да го дебликира сообраќајот и да ги утврди причините за незгодата која се случи на една од најфрекфентните точки во градот во дел од денот кога сообраќајот е најинтензивен.

Ваквите сообраќајки се чести во летниот период кога сообраќајот во Охрид неколкукратно е зголемен, а гужвите, високите температури, нервозата и нестрпливоста носат дополнителна опасност.

Г.М.