Судиската комисја не виде спорни моменти на мечот Амак СП – МЗТ
07.05.09 12:14
Стручната судиската комисија при КФМ ги разгледа двата спорни моменти кои беа посочени од страна на АМАК СП за во натпреварот Амак СП – МЗТ Скопје.
За личната грешка на Дамјан Стојановски во одбрана судиската комисија заклучи:
“Според членот 27 од службените кошаркарски правила што се однесува на доближување чуван играч во момент на додавање на топката, играчот Аврамовски кој се наоѓа во просторот на ограничување (рекетот) не е чуван од никого. Додека топката лета при додавањето, играчот Д.Стојановски е на одалеченост 2-3 метри, се движи кон Аврамовски се поставува во правилна положба на чување во видно поле на Аврамовски. По прием на топката Аврамовски бележи нормално кош движење со цел да постигне кош при што доаѓа до контакт. Од аголот и позицијата на камерата не може да се утврди силата на контактот ниту да се забележи неправилно движење на напаѓачот Аврамовски со кое стекнува предност. Стручниот колегиум смета дека судијата бил во подобра положба за да донесе одлука”, ова е заклучокот на стручната судиска комисија.
Ниту во вториот наведен случај за лична грешка во одбрана на Војдан Стојановски стручната судиска комисија не увиде спорна ситуација:
“Стручниот колегиум констатира дека играчот Соколов се движи со дриблинг кон противничкиот кош во близина на линијата за слободни фрлања. Притоа се забележува контакт од одбранбениот играч Војдан Стојановски со тело и положба на рацете во својот цилиндер (член 33.1 од службените кошаркарски правила- контакт: принцип на цилиндар
и вертикалност) што го попречува напаѓачот во завршување на акцијата, што е лична грешка. Судијата во тој момент е пратечки судија, го покрива тој дел од теренот во свое поле на одговорност и исправно досудува лична грешка”, стои
Света Троица 2021 продолжува со добрите настапи во Третата македонска фудбалска лига – Регион 5, откако на гостувањето во Кичево славеше над Напредок 1928 со 2:1 До важните три бода, Света Троица с...
ГРК Охрид убедливо го совлада Спор Тото и во реванш натпреварот од второто коло на ЕХФ Европскиот куп и сигурно го продолжува патот во одбрана на европската титула „Гладијаторите“ вечерва во „Билја...
Охрид Лихнидос го доби дербито на врвот во Втората македонска фудбалска лига, совладувајќи го Работнички со 1:0 Стрелец на единствениот гол беше Матески, кој во 53 минута донесе голема победа за ох...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.