Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против девет лица, мешу кои и поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров Сокол Митрески за несовесно работење во службата и злоупотреба на службена положба и овластување по повеќе членови од кривичниот законик.

-Лицата се осомничени дека во 2014 година постапиле незаконски при одлучувањето во постапки за поднесени барања за утврдување на правен статус на бесправни објекти, со што нанеле штета во висина од 4.100.090 денари. Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка поднесе и Предлог за определување мерки за обезбедување за шестмина од осомничените. Како мерки за обезбедување се предложени: забрана за напуштање на живеалиште, обврска да се јавуваат во суд и одземање на патна исправа. – соопшти Јавното обвинителство.

OhridNews