Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд  Скопје 1 го одби барањето на Сашо Мијалков за враќање на пасошот и јавување еднаш во судот.

Мерката на претпазливост,  привремено одземање на патната исправа за преминување на државната граница и забрана за издавање нова патна или друга исправа за преминување на државната граница, и мерката, обврска на обвинетиот еднаш неделно да се јавува кај надлежно службено лице во судот – остануваат на сила. Против ова решение странките имаат право на жалба во рок од 3 дена до Апелациониот суд – Скопје.

OhridNews
Макфакс